Пребарување

Vatican News
Тест за коронавирус Тест за коронавирус  (ANSA)

Ватиканска Комисија за Ковид 19: Повеќе вложување во здравството помалку во оружјето

Во 2019 година воените вложувања достигнаа рекорден износ од 1,9 трилиони американски долари. Според мислењето на кардинал Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрлен човеков развој потребно е да се „глобализира солиданоста.“

Трошоците за оружје можат да се претворат во трошоци за помош и за здравството за да се ублажат последиците од пандемијата од коронавирусот – побара Ватиканската комисија за Ковид-19, на конференцијата за печат одржана минатата недела, со наслов „Подготви ја иднината, изгради мир во време на болеста Ковид-19.“

Општите воени трошоци во 2019 година изнесувале речиси два трилиони американски долари што е 300 биланси на СЗО. Според мислењето на кардиналот Петер Турксон прекфект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и претседател на Ватиканската комисија за Ковид -19 потребна е глобализација на солидарноста затоа што и покрај кризата предизвикана од коронавирусот и понатаму се троши на оружје.

Додека денес за воени трошоци, вклучувајќи ги и најголемите програми за нуклеарна модернизација се наменуваат износи без преседан – напоменува кардиналот - болните, сиромашните, маргинализираните и жртвите на конфликтите несразмерно се погодени од моменталната криза. Поврзаните кризи – како што е здравствената, општествено-економската и еколошката, ја зголемуваат нееднаквоста, и тоа не само помеѓу богатите и сиромашните, туку и помеѓу подрачјата на кои владее мирот, благосостојбата и еколошка правда и подрачјата на конфликти, оскудица и еколошко уништување. Без мирот не може да се дојде до оздравување – истакнува кардиналот Турксон.

Затоа – според зборовите на кардиналот - завршетокот на конфликтите е единствената можност за намалување на неправдите и нееднаквоста. Вооруженото насилство, конфликтите и сиромаштвото имено се поврзани во круг кој пречи на мирот, го поддржува кршењето на човечковите права и го кочи развојот. Освент тоа, според мислењето на кардиналот Турксон, позитивно е неодамнешното одобрение од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации за општо примирје, како и прифаќањето од страна на 170 земји апелот на Обединеите нации за прекин на огнот. Солидарност во време на криза е новото име за мирот – истакна карајот кардиналот Турксон.

16 јули 2020, 13:42