Пребарување

Vatican News
FILES-GERMANY-POPE-RELIGION-HEALTH Почесниот папа Бенедикт XVI со неговиот брат Георг 

Почина Георг Рацингер, брат на почесниот папа Бенедикт XVI

Баварскиот свештеник Георг Рацингер, брат на почесниот папа Бенедикт XVI, почина во Регенсбург, град во Германија, каде што живееше и каде пред неколку дена за последен пат го посети неговиот брат. Двајцата браќа се ракоположени за свештеници во ист ден.

Георг Рацингер, постар брат на почесниот папа Бенедикт XVI почина во 96 година од животот. Почесниот папа Бенедикт XVI на 18 јуни за последен пат во Регенсбург го посети својот тешко болен брат и изгуби уште еден член од семејството. Ракоположени за свештеници во ист ден, двајцата браќа, од кои едниот музичар и управител на еден од познатите црковни хорови, а другиот теолог, а потоа бискуп, кардинал и Папа –  секогаш биле блиску поврзани.

Кога во 2008 година градот Кастел Гандолфо го прогласи Георг Рацингер за почесен граѓанин, Бенедикт XVI рече: Од самото раѓање мојот брат за мене беше придружник, но и доверлив водач. Со својата јасност и решителноста во своите одлуки секогаш беше ориентациска точка и упориште“.

01 јули 2020, 10:14