Пребарување

Солидарноста и старите луѓе во време на Ковид-19 Солидарноста и старите луѓе во време на Ковид-19 

Папската академија за живот: Потребна е „етика на ризикот“ која ги штити најслабите

„Humana communitas во време на пандемија. Неактуелни размислувања за повторно раѓање на животот“, е новиот документ на Папската академија за живот за последниците од здравствента криза предизивикан од коронавирусот

Да се развие етика на ризик, да се оствари меѓународна соработка и да се промовира одговорна солидарност се главните начела содржани во документот на Папската академија за живот – втор таков документ после тој објавениот на 30 март со наслов „Пандемијата и универзалното братство“ – посветен на општата криза предизвикана од коронавирусот. Текстот започнува со прашањето: Што научивме од пандемијата? И најмногу: Со каква промена на мислите и делување сме подготвени да се соочиме во име на човечкото семејство?

На првото прашање Папската академија одговора со „лекцијата на кревкоста“ која се однесува на сите, но најмногу на болните во болниците, на затворениците во затворите, на бегалците во бегалските кампови. Но, од таа лекција произлезе уште една, односно свеста дека животот е дар. Освен тоа пандемијата ни помогна да сфатиме дека сè е поврзано и дека пустошењето на земјата, економските одлуки кои се карактеризираат со алчност и претерана потрошувачка и злоупотреба и омаловажување на целото созданија имаат последици и на ширењето на вирусот. (...)

Во документот се повикува на обединување на силите за да се споделат информациите, да се овозможи помош и да се поделат средствата. Посебно треба да се ангажираме во развојот на лекувањето и вакцината. Во таа смисла, непостоењето на координација и соработка е пречка во борбата против болеста Ковид-19. Истовремено – се истакнува во документот, пандемијата уште повеќе ги зголеми разликите на богати и сиромашни земји кои ја платија најголемата цена, затоа што веќе биле лишени од основните средства и често погодени од други смртоносни болести меѓу кои маларијата и туберколозата.

Во документот затоа пред сè се истакнува важноста на „етиката на ризикот“ која бара специфична одговорност во однос на луѓето кај кои здравјето, животот и достоинството се најмногу загрозени. (...)

Папската академија за живот поттикнува на општо ангажирање и на меѓународна соработка за како општо човеково право да се признае пристапот до квалитетна здравствена заштита и до основните лекови. Истовремено изразува надеж во одговорно научно истражување, односно целосно, слободно од конфликти на интереси и исполнето со правилата на еднаквост, слобода и праведност. Доброто на општеството и општото добро во здравствениот сектор доаѓаат пред сите интереси за заработка. Јавната димензија на истражувањето не може да се жртвува на олтарот на приватната заработка – напоменува Папската академија и ја истакнува важноста на СЗО во поддршката посебно во „потребите и загриженоста на помалку развиените земји во соочувањето со катастрофи без преседан.“

Папската академија за живот на крајот изразува надеж во промовирањето на одговорна солидарност која знае да го препознае еднакво достоинство на секој човек, а посебно на оние кои живеат во тешкотии. Сите се повикани да го направат својот дел – се истакнува во документот, токму заради тоа се потребни исправни и транспарентни политички стратегии и целосни демократски процеси. Документот завршува со повик на надеж која ја надминува рамнодушноста и копнежот за минато. Време е да се замислиме и да се оствари нацртот на заеднички живот кој ќе овозможи подобра иднина за сите луѓе – истакнува Папската академија за живот.

24 јули 2020, 10:58