Виртуелна посета во Ватиканските музеи само со еден клик
На интернет страницата www.museivaticani.va е можно виртуелно да се разгледат седум изложбени простори односно Сикстинската капела, музејот „Pio Clementino,“ музејот „Chiaramonti“, „Braccio Nuovo (Ново крило), Собата на Рафаел, капелата Николин и Sala dei Chiaroscuri. Виртуелните посетители може да го истражат секој од тие простори, свртувајќи ја камерата во сите насоки и фокусирајќи се дури и на најмалите детали на поединечните дела репродуцирани во висока резулуција.
Освен тоа, официјалниот профил на Инстрагам @vaticamuseums секојдневно нуди детали за ватиканските ремек-дела, пропратено со кратки описи кои помагаат во разбирањето на професијата и значењето на многу, малку или најпознати дела. Напоменуваме на крајот дека Ватиканските музеи во согласност со мерките на италијанските власти сигурно ќе бидат затворени за јавноста од 9 март до 3 април, а може и подолго.