Пребарување

Конференција за печат за отворањето на архивата со документи за папата Пио XII Конференција за печат за отворањето на архивата со документи за папата Пио XII 

Ватиканската архива ќе ги отвори документите за папата Пио XII

Во Канцеларијата за печат при Светиот Престол во четврток 20 февруари 2020 година е одржана средба со новинари, на која е презентирано отворањето на Архивата на Светиот Престол од времето на понтификатот на папата Пио XII. (1939-1958), кое ќе се случи на 2 март оваа година.

На новинарите им се обрати архивистот и библиотекар на Светата Римска Црква, кардинал Хозе Толентино Калача де Мендонча, потоа префектот на Ватиканската апостолска архива монс. Серџо Пагано, заменик префектот на Ватиканската апостолска архива, професор Паоло Вијан Луча Карбони, како и претставници од архивата на Конгрегацијата за наука на верата, Историската архива од Конгрегацијата за евангелизација на народите, како и претставници од Историската архива на Одделот за односи со државите при Државниот секретаријат.

Отворањето на Ватиканската архива со документи кои се однесуваат на понтификатот на папата Пио XII. точно на 81 годишнина од изборот на Еугениј Пачели за папата во 1939 година, е најавено во март минатата година од папата Фрањо, примајќи ги во аудиенција службениците од Ватиканската апостолска архива.

На научниците ќе им бидат достапни архивски документи кои се однесуваат на папата Пио XII. сè до неговата смрт, 9 октомври 1958 година во Кастел Гандолфо. Сериозно и објективно историско истражување ќе помогне за вистинска слика и со соодветна критика да се процени работата на папата Пачели. Ќе може да се видат светлите моменти, како и моментите на големи проблеми, тешки одлуки, човечка и христијанска внимателност, што за некои може да изгледа како премолчување, а всушност биле обиди, човечки гледано и многу мачно, во моментите на најголемата темнина и суровост да се одржи запален пламенот на човекољубивост, сокриена, но активна дипломатија, како и надеж за можно отворање на срцата, истакна папата Фрањо во говорот на споменатата аудиенција.

Врз основа на документи откриени во 2011 година, папата Пио XII. за време на Втората светска војна помогнал да се спасат животите на повеќе од 11 илјади римски Евреи.

Од 1 јануари 2005 година на јавноста се достапни документи од Ватиканската тајна архива за периодот во кој идниот папа Пио XII. бил Апостолски нунциј во Германија.

21 февруари 2020, 09:34