Пребарување

Vatican News
Кардинал Фернандо Филони и членови на Редот на Светиот Гроб Кардинал Фернандо Филони и членови на Редот на Светиот Гроб 

Кардинал Филони до Редот на Светиот Гроб: Да останеме верни Христови сведоци

Вчера се одржа свечено примање и воведување во служба на големиот маестро на Редот на Светиот Гроб, кардинал Фернандо Филони кој, исто така, го одржа својот прв службен говор.

Кардинал Фернандо Филони, поранешен префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, на 8 декември минатата година беше именуван за  голем мајстор на Редот на Светиот Гроб на местото на осумдесетгодишниот кардинал Едвин Фредерико О’Бирен. Вчера во Салата на престолот, на неговите раце, кардинал Филони ја прими службата со витешки белег и во атмосфера на топло добредојде го одржа првиот свој службен говор.

Во центарот на кардиналовите зборови беше евангелската слика за Исус во разговор со Самарјанката на изворот во самарјанското село Сихар. Во тој настан е смислата на служењето за кое ме одреди Светиот Отец, да бидам со вас речиси како парох на таа голема парохија која е раширена низ сите континенти – рече кардинал Филони, истакнувајќи го изворот како гроб во кој е сокриен животот, односно водата која извира од изворот на вечниот живот, и отвори ново поглавје во историјата на Редот со надеж дека ќе чекорат заедно, ќе го молат Христос за дарот на Неговата вода и храна како одот на дамата и витезот би бил верен на повикот и служењето за кој се завзеле.

Посланието на Редот и честа да се припаѓа на него се состои во тоа да се викаме и сме христијани, а не во титулите и активностите – рече кардинал Филони и напомена: Преземените обврски произлегуваат од празниот гроб, т.е. од Христовото воскресение од каде доаѓа секое вистинско спознание, било од тајниот или јавниот Господов живот, било од Неговите зборови. Празниот гроб ни говори за живиот Учител кој го препозна апостол Тома и го исповеда: „Господ мој и Бог мој!“, и Црквата секогаш е повикана да го навестува и сведочи на сите народи и во сите времиња.

Дамата и витезот на Светиот Гроб секогаш одново почнуваат од таму; од таму потекнува завземањето за животот, духовноста, општествениот живот и учествувањето во потребите на Светата Земја. Тоа секогаш ќе биде наша почетна точка и поддршка. Да почнеме повторно од Христовиот празен гроб кој многумина го виделе, но во кој само некои поверувале. Ние сме сограѓани на тие сведоци и работата е токму во тоа што ние денес сме сведоци и да даваме смисла на своето учествување во Редот – заклучи кардинал Филони.

17 јануари 2020, 11:36