Папата Фрањо присуствува на претставувањето на Завршниот документ од Синодата за Амазонија Папата Фрањо присуствува на претставувањето на Завршниот документ од Синодата за Амазонија 

Претставен Завршниот документ од посебната Синода за Амазонија

На 15. Собрание на посебната епископска синода за Панамазонското подрачје, одржано на 25 октомври 2019 година во попладневните часови, во присутност на папата Фрањо е претставен Завршниот документ и се избрани членовите на Постсинодалниот совет.

Во присуство на 182 синодски оци, на собранието се избрани 13 члена на Советот за спроведување на упатствата утврдени на синодата, а ги претставуваат најголемите земји од Панамазонското подрачје: Четири члена се од Бразил, по двајца од Боливија и Колумбија и Перу, по еден од Антилите, од Венецуела и Еквадор. На нив ќе им се придружат уште три члена кои ќе ги именува Папата.

Претставување на документот

Веднаш после гласањето, главниот известувач и претседател на Панамазонската црковна мрежа (REPAM), кардинал Клаудио Хумес го претстави Завршниот документ од овој собир. Говорејќи за текстот кардиналот ја истакна обемната работа на Комисијата за составување на документот, како и придонесот на малите работни групи кои дадоа бројни предлози. Документот доаѓа токму во момент на еколошка криза, за што е потребно ангажман, а не одложување. – додаде кардиналот.

Зачувувањето на Амазонија е важно за здравјето на планетата – додаде кардиналот – а Црквата е свесна за тоа, како што е свесна на фактот дека е потребно целосно преобраќање со цел да се оствари целосна екологија. Навистина, Црквата го слуша крикот на амазонските народи и крикот на Земјата; станува збор за еднаков крик кој исто така е израз на надеж. Синодата затоа служи и за постигнување на н заедништво, со Петар и со водство на Папата – истакна кардинал Хумес.

28 октомври 2019, 13:44