Cerca

Vatican News
Архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар на Светиот Престол за односи со државите на конференцијата на АИЕА-а Архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар на Светиот Престол за односи со државите на конференцијата на АИЕА-а 

Архиепископ Галагер: Светиот Престол ги поддржува активностите на Меѓународната агенција за атомска енергија

Светиот Престол го поддржува учеството на Меѓународната агенција за атомска енергија во проверка и надзор на обврските на Иран според Заедничкиот акционен план за 2015 година. Светиот Престол исто така ги поддржува континуираните и трпеливи напори на меѓународната заедница за рестартирање на преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Светиот Престол ја повторува својата поддршка за бројните активности на Меѓународната агенција за атомска енергија кои ја зајакнаа меѓународната соработка и значително придонесоа за спречување на нуклеарно ширење и промовирање на нуклеарно разоружување - рече архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар на Светиот Престол за односи со државите, завчера во Виена. на 63. Генералната конференција на таа агенција и пренесувајќи им на учесниците поздрави од папата Фрањо.

Активностите и стратегиите на Агенцијата, исто така, придонесуваат за поддршка на целосниот развој на човекот, промовирајќи ја техничката соработка во нуклеарните науки и нивните употреби како и користење на нуклеарна технологија за мировни цели. Благодарение на заложбите на агенцијата, се организираат глобални, регионални и национални форуми - рече архиепископот Галагер и, осврнувајќи се на улогата на науката и технологијата во управувањето со Божјите суштества, тој истакна: Проекти за техничка соработка на Меѓународната агенција за атомска енергија во областа на здравјето на луѓето, водата, животната средина, климатските промени, безбедноста на храната и земјоделството, значително придонесоа за намалување на сиромаштијата и можноста на земјите да ги постигнат своите цели на одржлив начин.

Потсетувајќи се на она што го кажаа папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI и документите на Обединетите нации, секретарот на Светиот Престол за односи со државите ја истакна потребата за дијалог и соработка на овие полиња, имајќи ја предвид централната улога на човекот, истовремено напоменувајќи дека тој напредок и развојот на технологијата и науката не се секогаш придружени со развој на човечкото суштество со оглед на одговорност, вредности и совест, како што се истакнува во енцикликата „Laudato si“.

Архиепископот Галагер исто така потсети дека Светиот Престол го потпиша и ратификува договор за забрана за нуклеарно оружје и истакна дека одлучила да го поддржи учеството на Меѓународната агенција за атомска енергија во проверка и надзор на обврските на Иран според Заедничкиот акционен план за 2015 година, откако од Техеран добија знаци минатите недели на преминување на ограничувањата дозволени со договорот.

Светиот Престол исто така ги поддржува континуираните и трпеливи напори на меѓународната заедница за рестартирање на преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја, што се заканува на интегритетот на системот за неширење. Гаранциите обезбедени од Меѓународната агенција за атомска енергија се суштински придонес за унапредување на мирот, безбедноста и довербата. На крајот, архиепископот Пол Галагер, се осврна на стратегиите на таа агенција поврзани со програмата за терапија против рак, нејзиното вклучување во институциите и во јакнењето на програмите за радиотерапија како и за образованието во таа област, особено во земјите - членки со најголеми потреби.

19 септември 2019, 17:46