Пребарување

Пленарната сала на Советот на Европа Пленарната сала на Советот на Европа 

Монсињор Марко Ганци нов постојан набљудувач на Светиот Престол во Советот на Европа

Папата го именува монсињор Марко Ганци, досегашен советник на нунцијатура, за постојан набљудувач на Светиот Престол во Советот на Европа во Стразбур.

Монсињор Ганзи е роден 1976 година во Катанзаро во Италија, докторира канонско право, за свештеник е ракоположен во 2000 година, а 2007 година влегува во дипломатска служба на Светиот Престол. Зборува англиски, шпански и француски, а досега вршел служби во папските претставништва во Боливија, Грција, во Европската унија во Брисел и Кенија. Монсињор Ганци ќе го замени монсињор Паоло Рудели, кој што папата Фрањо го именува за апостолски нунциј.

Потсетуваме дека статусот постојан набљудувач Светиот Престол го доби на 7 март 1970 година, од 1962 година има службени односи со Советот на Европа, меѓународна организација која има за цел промовирање на демократијата, човековите права, културниот европски идентитет и барање решенија за општествените проблеми во Европа.

23 септември 2019, 18:04