Пребарување

Vatican News
 Мајка, татко, дете Мајка, татко, дете 

Пред три години е основана Дикастеријата за лаици, семејство и живот

Дикастеријата е основанa во 2016 година и ги презема надлежностите кои припаѓаа на Папскиот совет за лаици и Папскиот совет за семејство, чие делување престана

Дикастеријата за лаици, семејство и живот кој папата Фрањо го основа во 2016 година, со апостолското писмо „Sedula Mater“ во форма на мото проприо, ги превзема надлежностите кои претходно припаѓаа на Папскиот совет за лаици и Папскиот совет за семејство, чие долување престана.

Црквата, грижлива мајка, секогаш со векови водела грижа и се однесувала со почит кон лаиците, семејството и животот, манифестирајќи ја љубовта на милостивиот Спасител кон човештвото - пишува во документот во кој исто така се нагласува. Брзо сакаме да осигуриме дека дикастијата на Римската курија ќе биде наменета во рамки на можностите од нашето време и да се прилагоди на потребите на општата Црква. Особено мислиме на лаиците, семејството и животот на кои сакаме да дадеме поддршка и помош за да биде живо сведоштво на евангелиото во наше време и израз на добрината на Откупителот.

Покрај тоа, дикастеријата е задолжена за почеток и поттикнување на промовирање звањата и мисиите за верниците лаици во Црквата и во светот, како поединци, брачни парови, и членовите кои припаѓаат на здруженија, движења и заедници - пишува во документот, и се наведува дека се залага за овозможување на семејствата да можат да посвојуваат деца и да се грижат за нив, за грижа на старите лица, на соработката со граѓанските институции за да ги поддржуваат таквите дела.

Одговорен на дикастеријата е кардиналот Кевин Фарел кој е роден во Ирска во 1947 година, а за свештеник е ракоположен во 1978 година. Секретар на дикастеријата е о. Алехандрое Ави Мело. Дикастеријата е дирекно поврзана со Папскиот теолошки институт Иван Павле II кој го проучава бракот и семејство, и со Папската академија за живот.

18 август 2019, 17:52