Cerca

Vatican News
40 Средба за пријателство меѓу народите; Римини 18-24 август 2019 40 Средба за пријателство меѓу народите; Римини 18-24 август 2019 

Надбискупот Галагер: Љубов кон татковината, но и отвореност кон другите

Надбискупот Пол Ричар Галагер секретар за односите со државите се обрати на 21 август на Средбата за пријателство меѓу народите која се одржува во Римини, зборуваше на тема „Права, обврски: 1979-2019“.

Европската Унија треба да гледа на предизвиците на иднината чувајќи ги своите темлни вредности – рече надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите, зборувајќи на Средбата во Римини на тема „Права, обврски: 1979-2019“. Надбискупот зборуваше за иднината на континентот започнувајќи од централната положба на личноста, и за миграцијата и животната средина. Европската интеграција сама по себе е вредност – рече и истакна дека „суверенизмите“ се крајниот облик на сувереноста расипани со затворањето и исклучувањето.

Разделувањето кое денес го поминува политичка Европа, разделувањето е човечкото постоење – објасни надбискупот. Преовладуваат осаменоста, индивидуализамот, кризата на семејството, поттикнувања на расизам и недостаток на етика. Станува збор за криза на идентитетот, отежната со светската криза која го ослабна еврото со несогласувањето меѓу државите заради меѓународни политики, економии, Брегзит и миграциската појава.

Што се однесува до миграцијата надбискупот истакна дека е потребен јасен политички став, но и културно гледање и повторно истакна дека папата Фрањо нѐ потсетува на вниманието кон личноста. Постои обврската за солидарност со оној кој е во потреба, но потпирајќи се и на добордетелта претпазливост. Треба да се прифатат оние кои можат да се примат во достоинство и кои можат да се интегрираат со некоја работа, семејство, иднина – рече надбискупот во излагањето и додаде дека мигрантите пак се должни да се отворат за новата реалност која ги прима и да не се затвораат во гета каде проблемите се зголемуваат.

Во разговор за Радио Ватикан надбискупот Галагер се осврна на важноста на Европа, на суверенитетот и на односот помеѓу институциите и народот. Мислам дека Европа е вредност затоа што имаме народи, луѓе кои имале многу долга заедничка историја, кои низ вековите поделиле голем број искуства, а во некои моменти е многу големо мнозинството кое имало заедничка христијанска вера. Врз основа на тоа „Европа“ постепено станува визија, проект во срцето на Европејците. Во минатиот век искусивте две светски војни кои Европејците и нивните лидери ги доведоа до уверувањето дека е тешко да се изгради сигурен мир и да се загарантира благосостојбата на својот народ ако си сам. (...)

Што се однесува до суверинитетот, надбискупот Галагер напомена дека никој не го става во прашање суверинитетот на некоја земја, на некој народ. Проблемот се појавува кога се зборува за суверенистите, кога постои претерано гледање на сувереноста, кога се инсистира на суверинитетот. Не треба да се затвораме во мала реалност – истакна и додаде, многу е тешко некоја влада да му ги загарантира на својот народ сите права, како на пример, мир, заштита, сигурност. Сите меѓусебно сме поврзани, како што вели Папата, а ние тоа го гледаме најмногу во медиумите, на социјалните мрежи. Идејата дека „суверинитет’“ значи потполно затворање пред другите можеби има некоја одредена теоретска, прагматична привлечност, но не верувам дека тоа е патот по кој треба да се оди.

На прашањето на кој начин Црквата може да го следи европскиот пат, надбискупот пред сѐ истакна дека во Црквата не постои националистички став. Многу го цениме патриотизмот, љубовта кон татковината, кон сопствената земја, сопствената култура, кон народот. Во католичката вера – а верувам и во другите христијански вероисповеди – владее ставот на отвореност кон другите, кое произлегува преку прифаќање на духот кој јас го сметам длабоко црковен: повеќето работи ни се заеднички во однос на оние кои нѐ разделуваат. Токму општата тема на Средбата во Римини е проширување на нашето гледање кон другиот и продолжување по патот на културата на средба за која секогаш зборува папата Фрањо – рече на крајот надбискупот Галагер.

23 август 2019, 09:34