Cerca

Vatican News
Кристиан Мареј заменик-директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Кристиан Мареј заменик-директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол 

Папата именува Бразилка за заменик-директор на Канцеларијата за печат

Родена е во Рио де Жанеиро, мажена, има две деца. Од 1995 година работи за Радио Ватикан. Од април 2018 година учествува во подготовката за Синодата за Амазонија

Папата Фрањо ја именува новинарката Кристиан Мареј за заменик на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни, кој својата должност започна да ја извршува на 22 јули.

Родена е 1962 година во Рио де Жанеиро, Бразил, Кристиан Мареј дипломирала бизнис администрација и маркетинг на Папскиот католички универзитет во Рио. Започнува да работи за Радио Ватикан во 1995 година и оттогаш е дел од бразилскиот тим кој секојдневно емитува програма по целиот свет и го уредува порталот Ватикан њуз на португалски,  страницата на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутуб.

Во последните 10 години посветува посебно внимание на делувањето на Црквата во Амазонија. Како известувач таа следела повеќе посети на Папата, а во април 2018 година започнува да соработува со главниот секретаријат на епископската синода во подготовка на следната синода за Панамазонското подрачје, која ќе се одржи од 6 до 27 октомври оваа година. Таа е омажена и има две деца. Нејзиниот мајчин јазик е португалски и италијански, а добро ги познава англискиот, шпанскиот и францускиот јазик.

26 јули 2019, 10:06