Пребарување

persecuzione.JPG

Верските прогонства се загрижувачка реалност

Да се одржи присутноста на верските заедници посебно во подрачјата каде не се мнозинство, е нешто повеќе од симболичко прашање. Тоа е големо сведоштво за верата и доказ дека мирниот соживот во плуралитетот на религиите е можен кога се почитува достоинството на секоја човечка личност – рече монсињор Антоин Камилери, потсекретар за односи со државите, на 16 јули 2019 година во базиликата Свети Вартоломеј во Рим, за време на промовирањето на списанието за прогонството на христијаните.

Станува збор за многу загрижувачка реалност, која папата Фрањо ја опиша како еден вид геноцид предизвикан од општата и колективна рамнодушност во која присутноста на христијаните систематски се исфрла од општеството и културата, па и на подрачјата каде е настаната – рече монсињор Камилери.

Неправедната дискриминација, насилството, прогонствата на било кое човечко битие, посебно врз основа на верата и уверувањето, се морално неприфатливи и за осуда – рече потсекретарот за односи со државите монсињор Камилери и додаде: Последните години сме сведоци на напади, во кои се жртви многу верски заедници во целиот свет, од групи и поединци во различни верски контексти од страна на терористи, екстремистички групи и верски фанатици, кои не го почитуваат животот на оние кои имаат поинакво уверување од нивното. (...) За жал повеќето од нив остануваат неказнети – истакна монсињор Камилери.

Еден облик верска дискриминација понекогаш, па и во земјите со силна демократија, е кога верските лидери кога ги толкуваат основните верски начела на својата вера и сѐ почесто се обвинуваат или казнуваат, посебно на подрачјето на животот, бракот и семејството – рече Камилери и додаде: Верската слобода не е само културно или правно прашање, туку е вкоренето во достоинството на човекот и „услов за барање на вистината која не е наметната со сила“. Во таа смисла верата може да послужи како важен фактор за единство и мир во човечкото семејство, преку разумно барање на општото добро кое мора да биде потпомогнато со дијалогот. Отворен и чесен меѓуверски и меѓукултурен дијалог е едно од средствата за надминување на прогонствата и важна димензија за неопходното признавање на секоја личност како „сограѓанин – истакна потсекретарот за односи со државите при Државниот секретар на Светиот Престол.

18 јули 2019, 09:20