Cerca

Vatican News
Кардинал Анџело Де Донатис и кардинал Џозеф Фарел Кардинал Анџело Де Донатис и кардинал Џозеф Фарел  

Договор помеѓу римската бискупија и Дикастеријата за лаици, семејство и живот

На 24 јуни 2019 година во Рим е потпишан договор помеѓу Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Римската бискупија заради организација на следната Светска средба на семејства која ќе се одржи во 2021 година.

Почетна точка не само за десетиците илјади луѓе кои ќе дојдат од целиот свет на светската средба на семејства која ќе се одржи во Рим, во јуни 2021 година, туку и за сите жители да можат да го живеат тој момент и подготовка која претходи, како прилика за повторно раѓање и раст, е целта на договорот кој на 24 јуни 2019 година го потпишаа кардиналот Кевин Џозеф Фарел префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Папскиот викар на Римската бискупија, кардиналот Анџело Де Донатис. Договорот е потпишан со цел обединување во организирањето на тој голем настан и поделба на задачите помеѓу двете реалности во логистиката, комуникацијата, прифаќањето и пасторалната грижа.

Сакам тој исклучителен настан да не биде реалност која поминува – рече кардиналот Де Донатис, туку прилика за служење со поголема ефикасност и внимание кон многу семејства кои живеат во Рим и кои во голем број се наоѓаат во прилики на страдање и тешкотии кои не се создале само заради економските тешкотии, туку и како што имаме прилика да се увериме секој ден заради културалните слабости, заради вредностите кои се во криза, недостатокот на идентитет и цврстите корени како што често нѐ потсетува папата Фрањо.

Подготвувајќи се за средбата Црквата во Рим работи на логото, химната, подготвителните катехези и официјалната слика, додека Дикастеријата ја подготвува молитвата. Монс. Марко Фрисин основач и директор на хорот на Римската бискупија ја компонира официјалната химна, а Роберта Боесо е задолжена за сликата. Мило ми што токму Рим го организира тој настан – рече кардиналот Фарел, изразувајќи надеж дека средбата уште во текот на подготовките ќе даде голем поттик во подготовката за брак. Официјалната електронска пошта за средбата веќе е активна и гласи: info@rome2021.

25 јуни 2019, 21:34