Cerca

Vatican News
Кардинал Сандри во посета на католиците од источен обред во САД Кардинал Сандри во посета на католиците од источен обред во САД 

Кардинал Сандри во посета на католиците од источен обред во САД

Префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви, кардинал Леонардо Сандри во петок 14 јуни ја започна посетата на католичките заедници од источен обред во Соединетите Американски Држави. Првата станица на тоа пасторално патување, кое ќе трае до 24 јуни беше украинската Епархија Свети Никола во Чикаго.

Во таканареченото „Украинско село“ дел од Чикаго, во кое првите украински доселеници започнале да пристигнуваат во втората половина на 19 век, кардинал Сандри ја посети неовизантиската катедрала од 1915 година, посветена на Свети Никола, како и црквата на Свети Владимир и Олга, во која го пречекаа верници и свештеници од епархијата.

Конгрегацијата за Источни цркви, објави дека ви истата епархија живеат потомци на старите доселеници, верни на сопствената традиција, но и во потполност вклопени во локалниот контекст, што се гледа и од користењето на грегоријанскиот календар, како и новите доселеници од Украина, кои сѐ уште имаат бројни роднини во татковината и кои понатаму го користат јулијанскиот календар. Тие разлики не се доживуваат како причина за поделба или противење, освен што за свештениците задолжени за капеланиите со различни календари претставуваат дополнителен напор.

Кардинал Сандри исто така гја посети епископската канцеларија и резиденција, а потоа и украинскиот Музеј на модерна уметност во кој често се одржуваат средби за свештеници и верници од епархијата. Таму се сретна со свештениците и лаици и во братски разговор им раскажа како пред две години го посети подрачјата погодени од војната во Украина. Средбата заврши со прашања упатени до кардиналот, за улогата на Источно католичката Црква во Украина, работата на Конгрегацијата за Источни Цркви, вклученоста на лаиците, посебно жените, во животот на источно католичките Цркви.

20 јуни 2019, 22:27