Пребарување

Сиромашна старица Сиромашна старица 

Заштитете ги старите промовирајте меѓугенерациска солидарност

Во Њујорк се одржа 10 седница на работните групи на Обединетите нации за стареењето, со цел зајакнување на промовирањето и заштитата на човечките права на старите лица во светот. Надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации зборуваше првиот ден.

Старите лица често се сметаат за товар на властите и на општеството затоа што повеќе не се продуктивни – се зборовите со кои надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во понеделникот на 15 април им се обрати на учесниците на 10 седница на работните групи на Обединетите нации за стареењето на тема промовирање и заштита на човечките права на старите лица. Седницата се одржа во седиштето на спомнатата организација во Њујорк од 15 до 18 април.

Надбискупот Ауза истакна дека темата за старите лица му е посебно мила на папата Фрањо кој повеќе пати нè предупреди дека исклучувањето на нашите стари сме го направиле како нешто нормално. Наместо тоа потребно е да се сврти насоката кон промовирање на нивните права и да се препознава нивниот моментален придонес. Надбискупот притоа потсети дека старите лица посебно се погодени од товарот на сиромаштвото, болеста, инвалидитетот, социјалната изолација, насилството, напуштањето, злоупотребата и немоќноста за задоволување на основните потреби како соодветна исхрана и живеење и квалитетна здравствена заштита.

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол предупреди исто така дека на старите лица заради визијата на општеството во кое главна улога имаат ефикасноста, премногу често им е скратена социјалната заштита и здравстеното осигурување и затоа се сметаат за неефикасни и некорисни членови на општетството се наоѓаат на дното на скалата на политичките приоритети. Недостатокот на грижа трагично се покажува таму каде евтаназијата и потпомогнатото самоубиство се причина за смртта на болните и ранливите стари лица – рече надбискупот Ауза и потври дека Светиот Престол одлучно ги осудува тие постапки и бара старите лица од нив да се заштитат.

Ватиканскиот претставник предложи меѓународната заедница наместо да изработи некоја нова конвенција посветена на старите лица, да се ангажира правата кои веќе постојат на меѓународно ниво да се промовираат и применуваат во целост во сите животни периоди. На крајот надбискупот Бернардито Ауза потсети на зборовите на папата Фрањо кажани минатата година на празникот Сретение Господово: „Ако младите се повикани да отворат нова врата, старите ги имаат клучевите,“ укажувајќи со тоа на големата важност за промовирање на солидарноста помеѓу генерациите кои по животните патишта треба да чекорат заедно.

18 април 2019, 11:18