Пребарување

Бискупот Стојанов го благослови почетокот на работата на веб страницата на Ватикан њуз на македонски јазик Бискупот Стојанов го благослови почетокот на работата на веб страницата на Ватикан њуз на македонски јазик 

Бискупот Стојанов упати благодарност до порталот Ватикан њуз

Од својата резиденција во Скопје бискупот Стојанов на 8 април 2019 година го благослови почетокот на работата на веб страницата Ватикан њуз на македонски јазик и со тоа е 34 јазик на кој овој глобален портал објавува вести од Ватикан, Црквата и светот.

По тој повод Скопскиот бискуп и Струмичко-скопскиот епарх монс. Стојанов изјави: Радосен сум како Бискуп - ординариј во Македонија, на сите верници католици и од источен и од западен обред, што токму на празникот Собор на свeти Архангел Гаврил (според јулијанскиот календар) можам да ги поздравам сите луѓе со добра волја што од денес и на овој многу современ начин преку веб страницата на Ватикан њуз ќе можат да ги следат активностите на Папата, Ватикан и нашата помесна Црква во Македонија. Повод на оваа добра волја на уредникот на Ватикан њуз е секако најголемиот настан во нашата најнова историја, а тоа е Апостолската посета на Светиот Отец папа Фрањо што ќе биде на 7 мај оваа година.

Благодарни сме на Бога и Светиот Престол што и на овој начин се отвора „нов прозор“ да се погледне животот на една мала Црковна заедница која е во единство со сеопштата Мајка Црква и што сака да ја пренесува Радосната вест на Божјото слово кое трајно се овоплотува во нашиот живот и ја храни нашата вера. Покрај Марија од Назарет сакаме – и со оваа средство на современата комуникација – да бидеме отворени кон Радосната вест што ја навестува архангел Гаврил. Сакаме покрај Марија која е отворена кон Овоплотувањето и ние да бидеме отворени кон Таинственото Тело Христово - Црквата и така на тој начин да го направиме видливо единството и служењето на навестувањето на Вистината што се случува на местото „каде што Петар претседава во љубов“ со сите Цркви.
Нека е благословен овој почеток, поткрепен во мојата скромна молитва до Господа Бога биде во служба на Универзалната Црква, што е создадена од повеќе членови, од што еден од тие членови од денес ќе биде и нашата Католичка заедница во Македонија. Нека светлината на оваа веб страна биде секогаш „Светлина Христова“ за сите оние кои се наоѓаат по светот или го познаваат македонскиот јазик и народ. Сите заедно да молиме, Апостолската посета на папа Фрањо да вроди големи духовни плодови! Благодарам.
Ватикан њуз се изразува и комуницира повеќејазично, мултикултурално, повеќеканално, мултимедијално и мултиуредничко ниво. Има четири тематските области кои информираат за активностите на Папата, Светиот Престол, месните Цркви, давајќи простор и на вестите од светот. Една „супер редакција“, на 34 јазици и чија цел е не само да информира, туку и да понуди клуч за интерпретација во светлината на Евангелието.
 

08 април 2019, 09:56