Cerca

Vatican News

Бројот на католици во светот е во пораст

Вкупниот број на католици во светот, во однос на 2016 година е пораснат за 1,1%, а раст е забележан на сите континенти.

Светиот Престол го објави Annuarium Statisticum Ecclesiae 2017, статистички извештај за состојбата на Католичката црква во светот за 2017 година.

Според наведениот извештај од 7,4 милијарди луѓе кои живеат во светот 17,7% или 1,3 милијарди се католици. Распоредено по континенти: 48,5 од вкупната католичка популација живее во Америка (Северна и Јужна), 21,8% во Европа, 17,8% во Африка, 11,1% во Азија и 0,8% во Австралија и Океанија.

Вкупнот број на католици во однос на 2016 година е во пораст од 1,1%, а растот е забележан на сите континенти. Во Африка вкупниот број на католици е зголемен за 2,5%, во Азија за 1,5%, во Америка за 0,96%, додека најмал раст на католици е забележан во Европа каде изнесува 0,1%.

15 март 2019, 05:16