Пребарување

Молитва за Мигрантите Молитва за Мигрантите 

P. Michael Czerny: Мигрантите се меѓу нас и потребна им е помошта од христијаните

Заменик секретарот на Одделот за мигранти и бегалци на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој за нашата радио станица зборуваше во врска со Светскиот ден на мигрантите и бегалците кои ќе се одбележи на 29 септември.

„Не се работи само за мигрантите“ – тема која што папата Фрањо ја избра за следниот светски ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се одбележи во недела на 29 септември. Светиот Отец сака да нагласи дека неговите повторувачки апели за мигрантите, бегалците и жртвите на трговија со луѓе мораат да се сфатат како дел од длабока загриженост за сите оние кои се наоѓаат на егзистенцијалните периферии – стои во соопштението во Одделот за мигранти и бегалци на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.

„Странец бев и ме примивте“

P. Michael Czerny, заменик секретарот на Одделот, за нашата радио станица објасни дека споменатата тема е многу актуелна и всушност зборува за сите оние на кои им е потребна помошта од христијаните. Мигрантите се вклучени во тоа, не се посебна категорија. Во врска со Папските чести предупредувања дека Христос е присутен во мигрантите, p. Czerny објасни дека Светиот Отец ги цитира Исусовите зборови: „...странец бев и ме примивте...“ (Мт. 25, 35). Тоа е многу јасна идентификација, многу директна и многу радикална – рече заменик секретарот.

На прашањето за работата на Одделот, p. Michael Czerny рече дека папата Фрањо ја избрал темата за претстојниот Светски ден на мигрантите и бегалците, а тие ги следат владиците и Црквата во целиот свет за прославата на 29 септември припремајќи средби, размислувања, библијски текстови, цитати од Црковната наука, објави на социјалните мрежи и видео уредувања. Сето тоа се средства за истражување на различните гледишта на оваа важна тема – рече p. Michael Czerny и на крајот истакна дека Папата ја повикува Црквата на размислување за Денот на бегалците и на припрема за негово одбележување.

05 март 2019, 12:20