Vatican News
Кардинал Паролин во Полска Кардинал Паролин во Полска 

Кардинал Паролин ја истакна врската помеѓу Полска и Светиот Прес

Полјаците мора да научат да се вклучат во дијалогот за вистината и да го почитуваат достоинството на другите, разликувајќи се едни од други, и не станувајќи непријатели

Папскиот државен секретар, кардинла Пиетро Паролин, на 13 март 2019 година во Варшава, во базиликата Божествена Провидност, на 100 годишнина од апостолската нунцијатура во Полска и основањето на Полската епископска конференција, ја предводеше светата Миса по повод шестата година од изборот на папата Фрањо. Истакнувајќи ја традиционалната врска на Црквата во Полска со Светиот Престол, која е одлучувачка за нејзиното постоење за време на тоталитарните режими, кардинал Паролин ги поттикна епископите да го подржуваат тоа наследство, да го чуваат и зајакнуваат, како христијанскиот идентитет на Полска би имал не само минато, туку и сегашност, но и иднина.

Во својот говор на 382 пленарно заседание на полските бискупи, кардинал Паролин потсети дека со првото заседание на полските бискупи, во 1919 година, претседаваше Ачиле Рати, идниот папа Пиј XI, во тоа време ватикански претставник, кој го потврди заедништвото на Полска со Светиот Престол и верноста на римскиот бискуп како важно католичко начело за единство во различноста. Единството со Папата гарантира слобода пред моќниците од овој свет и посебните интересни групи. Обезбедува отвореност кон општата Црква, но и полн католицитет, избегнувајќи опасност за затворање во себе или искористување од некои политички или националистички групи – рече кардинал Паролин.

Во својот говор Папскиот државен секретар додаде дека Европа би можела да ги заборави своите христијански корени и да го изгуби она континентално единство кое тешко го постигна, пред сѐ со големото влијание на индивидуалистичките, националистичките и сепаратистичките мисли. Полјаците мора да научат да се вклучат во дијалогот за вистина и да го почитуваат достоинството на другите, разликувајќи се едни од други, и не станувајќи непријатели – рече кардинал Паролин и цитираше од говорот на свети Иван Павле II до полските епископи во 1993 година: Европа треба христијанско сведочење, вистински пример на жива вера, но и национално единство и прифаќање, отвореност и полно почитување на другите – рече на крајот кардинал Паролин.

15 март 2019, 09:19