Пребарување

Кардинал Паролин во Ирак Кардинал Паролин во Ирак 

Паролин: Во Ирак ја допрев верата на маченичката Црква

Папскиот државен секретар по враќањето од Ирак, каде со христијанските заедници го прослави Божиќ, се осврна на таа посета

Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин се врати од Ирак по повеќедневната посета за која рече дека била важна посета на Црква која радоста и убавината на Евангелието ги сведочи со стрдање и мака. Кардиналот тргонат зборуваше за Ватикан њуз за тоа патување, и истакна дека со верниците од Ирак ја дели надежта дека папата Фрањо ќе ја посети таа земја. Притоа исто така ја истакна важноста за соработка помеѓу христијаните и муслиманите за иднината на земјата.

Кардиналот пред сè ги истакна силните чувства и трогнатоста заради средбата со христијанските заедници во Ирак, но и големата радост која ја почувствувал и кај нив. Бев посебно среќен што можев да им ја пренесам близината на Папата, неговата љубов, благословот и вниманието со кое секогаш ги следи нивните случувања – рече и напомена дека посебно било убаво тоа што тоа патување се остварило во божиќното време. Секако – додаде кардиналот, посетата исто така беше можност за доживување во нивното страдање во изминатите години, и несигурноста во сегашноста, но истовремено и во надежта за иднината. Накратко, тоа навистина беше момент на милости за кој на Господ неизмерно сум Му благодарен.

Папскиот државен секретар потоа напомена дека во своите говори, а најмногу во проповедите, на тамошните христијани им истакнувал дека тие се сведоштвото за општата Црква која им е благодарна за сè низ што поминале, и како тоа го преживеале, и токму од нив треба да се земе пример, од нивната способност за поднесување на страдање и жалост заради Исусовото име.

Би рекол дека тоа е примерност која ја даваат на целата Црква која – како што вели Соборот – живее помеѓу прогонот на светот и утехата на Бог. Но, она што посебно ме импресионира е нивната гордост со која тие наши браќа и сестри ја живеат својата вера. Се гордеат со тоа што се христијани, и тоа продолжуваат да бидат среде бројните тешкотии, искушенија и стрдања – истакна кардиналот.

На новинарска забелешка дека неговата посета ја поттикнала надежта во посетата на папата Фрањо на Ирак, кардиналот Паролин рече дека народот и преку Папскиот државен секретар го почувствува присуството на Папата затоа што рече: Отидов таму во име на Папата за да им ја изразам близината на Папата. Сите едногласно се надеваат дека Светиот Отец што поскоро ќе може да го посети Ирак и лично да ги утеши.

На таа надеж на христијаните во Ирак се придружувам и јас – напомена кардиналот, дека ќе се создадат услови за Светиот Отец да може да отиде во Ирак и да сподели со тие наши браќа и сестри моменти на молитва и средба. Тоа сигурно би било големо охрабрување за нив, во тешкотиите со кои сè уште мора да се соочуваат.

Ватикан њуз/к.мк

31 декември 2018, 10:18