Папата имаше ручек со млади во Апостолската нунцијатура во Лисабон
Себастиао, Клара Исабел, Јоана, Луис Карлос, Беатрис, Педро, Одри, Хана, Карам, Марија Магдалена.
Станува збор за десет млади луѓе – шест девојчиња и четири момчиња – кои на 4 август, во Лисабон ручаа со Светиот Отец во Апостолската нунцијатура во рамки на Светскиот ден на млади.
Младите од различна возраст (од 24 до 34 години) и од различни националности (од Португалија, Бразил, Гвинеја, Филипини до Палестина) беа избрани за да се обнови традицијата која со години се повторува на секој Светски ден на млади.
На ручекот присуствуваа и кардиналот Мануел Хозе Макарио до Насименто Клементе, патријарх на Лисабон и помошниот бискуп Америко Агијар, претседател на Фондацијата за Светски ден на млади во Лисабон 2023 година, кои ќе биде вброен во Кардиналскиот колегиум на следниот конзисториум.