Апел на папата Фрањо за мир: Бучавата од оружјето ги задушува обидите од обидите за дијалог
На денот кога се слави Вознесението на Марија во небо, папата Фрањо ѝ ја довери молитвата за мир во Украина и во сите региони зафатени од војна. За жал, ги има многу! – истакна Петровиот наследник.
Бучавата од оружјето ги задушува обидите за дијалог. Законот на сила преовладува над силата на законот. Но, да не се обесхрабруваме, да продолжиме да се надеваме и да се молиме да не услуши, бидејќи Бог е Тој што ја води историјата.
Во меѓувреме, во Украина и понатаму има цивилни жртви. Руската армија вечерва и утринава изврши ракетни напади, при што беа погодени главно станбени згради во Лавов и Луцк, главниот град на областа Волин, во северозападниот дел на земјата, на границата со Полска, при што загинаа три лица. Надлежните веднаш го повикаа населението да се засолни и да не се приближува до прозорците. Експлозии беа регистрирани и во регионот на Киев и во Запорожје.