Пребарување

2018.08.13 Linda Ghisoni, sottosegretario Dicastero Laici Vita Famiglia

Линда Гисони: Црковните движења, сведоци за најдалечните

За важноста на црковните движења и групи во евангелизацијата, која Папата ја истакна во молитвената накана за мај, уште еднаш се осврна и потсекретарката на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, Линда Гисони. Таа зборуваше и за Светскиот ден на млади во Лисабон: 540.000 млади луѓе, од 196 земји, покажаа интерес за учество, а 16.300 се ставија на располагање како волонтери.

Папата Фрањо го започнува видеото со молитвена накана за мај 2023, посочувајќи дека црковните движења се дар и богатство за денешниот свет. Тие се дар што Светиот Дух и го дава на Црквата со обилно делење на посебни харизми за навестување на Евангелието во најразновидни вообичаени реалности, со различни карактеристики, во служба на младите, семејствата, сиромашните, медиумите и образованието – рече Линда Гисони, потсекретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, осврнувајќи се за Радио Ватикан – Ватикан Њуз за зборовите на папата Фрањо објавени во видеото.

https://youtu.be/TAz3_i1MUOs

Да се допре до далечните

Зборувајќи за црковните движења, Линда Гисони истакна дека тие сведочат за евангелските вредности и честопати успеваат да допрат до луѓе кои се далеку од црковните средини, како што се парохиите, да се грижат за нив и да им понудат формациски патишта на верата. Допираат до таму каде што институционалната Црква често не го прави - додаде таа.

Самиот Папа во видеото ја нагласува креативноста на овие групи. Движењата, благодарение на креативноста што им ја дава Светиот Дух, знаат да бидат блиски – истакна Гисони, потсетувајќи дека интернационалноста е една од карактеристиките на овие групи, а хармонијата за која зборува Папата се однесува на црковното заедништво.

Светски ден на млади и желба за вистинска средба на младите

Втора тема на разговорот беше Светскиот ден на младите, кој ќе се одржи во Лисабон од 1 до 6 август. Многу млади луѓе се подготвуваат за ова „духовно патување“, истакна Гисони. Имено, досега интерес за учество покажале 540.000 млади луѓе, а доаѓаат од 196 земји. Дополнително, 16.300 млади луѓе изразија желба да волонтираат на Светскиот ден на младите, а повеќе од 660 бискупи ги придружуваат овие млади луѓе.

Четири години по последниот Светски ден на младите, одржан во Панама во 2019 година - по годините обележани со пандемија, изолација, разни војни, но и голем технолошки напредок што на некој начин овозможи да се надминат географските растојанија без да се напушти сопствениот дом - овие бројки ни зборуваат дека младите чувствуваат голема желба лично да се сретнат - посочи потсекретарот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот.

19 мај 2023, 09:50