Папата: Да го вратиме Светиот Дух во центарот на Црквата
Во својата проповед на Празникот Педесетница, Папата зборуваше за делувањето на Духот, забележувајќи дека ние го гледаме како делува во светот што тој го создал, во созданијата, во Црквата и во нашите срца.
Го гледаме Духот првенствено како делува во создавањето, во почетоците на светот, но и во секој час. Духот дозволува создадените реалности да преминат од неред во ред, од распрснатост во кохезија, од конфузија во хармонија. Ова движење постојано го гледаме во Црквата. Со еден збор, Тој му дава хармонија на светот и на тој начин го насочува текот на времето и го обновува лицето, рече Папата на почетокот на својата проповед.
Денес во светот, продолжи Папата, има толку многу раздор, толку многу поделеност. Сите сме поврзани еден со друг, но сепак мешу нас нема поврзаност, рамнодушноста не направи бесчувствителни и нè угнетува осаменоста. Толку многу војни, толку многу конфликти: злото што човекот може да го направи изгледа едноставно неверојатно! Но, во реалноста, нашето непријателство е поттикнато од духот на поделбата, ѓаволот, чие име всушност значи „сејач на раздор“. Ужива во антагонизми, неправди, клевети. Соочени со злото на раздорот, нашите напори да изградиме хармонија не се доволни. Господ, на врвот на својата Пасха, на врвот на спасението, го излева својот добар Дух, Светиот Дух, врз создадениот свет, кој се спротивставува на духот на оној што дели затоа што Тој е хармонија, Дух на единството што носи мир. Да го повикуваме секој ден на овој наш свет и на секоја поделеност! - поттикна Папата.
Освен во создавањето, Папата продолжи во проповедта на празникот Педесетница, го гледаме Светиот Дух како делува во Црквата, почнувајќи од Педесетница. Меѓутоа, треба да се забележи дека во почетоците на Црквата Светиот Дух не и давал упатства и норми на заедницата, туку се слегува на секој апостол: секој од нив добивал посебни благодати и различни харизми. Сето ова мноштво на различни дарови може да доведе до збунетост, но Духот, како и во создавањето, сака да создава хармонија почнувајќи токму од ова мноштво. Неговата хармонија не е наметната и одобрен поредок, не; во Црквата постои поредок „организиран според различноста на даровите на Духот“, рече Папата, цитирајќи го Свети Василиј.
Според тоа, духот не создава јазик кој е ист за сите, не ги брише разликите, културите, туку усогласува сè, носи хармонија без хомогенизација, без создавање униформност. Сега сме во искушение да хомогенизираме сè, всушност да сведеме сè на надворешноста без она најважното. Да останеме на овој аспект, на Духот кој не поаѓа од структуриран проект, како што би постапиле ние, кои често би направиле со нашите планови; не, Тој започнува со давање незаслужени и преизобилни дарови. На Педесетница „сите се исполнија со Светиот Дух“ (Дела 2,4). Сите се исполнија, вака започнува животот на Црквата: не од прецизен план разработен до најситен детал, туку од искуството на истата љубов кон Бога. На тој начин Духот создава хармонија, не повикува да се восхитуваме на неговата љубов и на неговите дарови присутни кај другите, рече Папата во својата проповед.
А Синодата, кјоа е во тек - и мора да биде - одење во склад со Духот: не парламент што носи закони и на некои потреби според она што светот го мисли, не е можност да се однесуваме како што дува ветерот, туку можност да се биде послушен на здивот на Духот. Затоа што Црквата плови низ морето на историјата само со него, кој е „душата на Црквата“, како што вели свети Павле VI, срце на синодалноста, движечка сила на евангелизацијата. Без него Црквата е инертна, верата само доктрина, моралот само должност, пасторалот само работа. Со него верата е живот, љубовта Господова нè победува и надежта повторно се раѓа. Да го вратиме Светиот Дух во центарот на Црквата, зашто во спротивно нашето срце нема да гори од љубов кон Исус, туку за нас самите. Да го ставиме Духот на почетокот и во центарот на синодалната работа. Затоа што на Црквата ѝ е потребен пред се денес! Затоа секој ден му велиме: „Дојди!“. И да одиме заедно, бидејќи Духот, како на Педесетница, сака да се слезе додека „сите се заедно“ (сп. Дела 2,1). Да, за да се покаже пред светот, избра момент и место каде што сите беа заедно. Народот Божји, за да биде исполнет со Дух, затоа мора да оди заедно, да ја направи синодата делотворна. Така се обновува хармонијата во Црквата: одејќи заедно со Духот во центар. Браќа и сестри, да изградиме хармонија во Црквата! - повика Папата.
Духот, на крајот, носи хармонија во нашите срца. Ова го гледаме во Евангелието, каде што Исус им дувна на учениците на Пасха вечерта велејќи им: „Примете Дух Свети“ (Иван 20,22). Тој го дава со одредена цел: за простување на гревовите, односно за помирување на душите, за донесување хармонија во срцата растргнати од злото, скршени од рани, изедени од чувството на вина. Само Духот ја враќа хармонијата во срцето, бидејќи Тој е оној кој создава близина со Бога. Ако сакаме хармонија, го бараме Него, а не световно исполнување. Да го повикуваме Светиот Дух секој ден, да го започнеме секој ден со молитва кон него, да дозволиме да нѐ поучува, повика Папата.
Својата проповед Папата ја заврши со молитва: „Душе Свети, Дух Исусов и на Отецот, неисцрпен извор на хармонија, ти го доверуваме светот, ти ја посветуваме Црквата и нашите срца“. Дојди Душе создател, хармонија на човештвото, обнови го лицето на земјата. Дојди Дарот над сите дарови, хармонијата на Црквата, соедини нѐ со Тебе. Дојди, Духу на простувањето, помири ги нашите срца, преобрази нè преку Марија, како што само ти знаеш“.