Mонсињор Сангали е нов потсекретар на Дикастеријата за евангелизација
На 25 април, папата Фрањо го именува монсињор Самуеле Сангали, поранешен службеник во Дикастеријата за епископи, за потсекретар во Одделот за прва евангелизација и нови партикуларни цркви на Дикастеријата за евангелизација. Монс. Сангали е роден во 1967 година во италијанскиот град Лече, а за свештеник е ракоположен во 1996 година. Дипломирал образовни науки на Универзитетот во Рома Тре, докторирал филозофија на Папскиот универзитет Грегоријана, каде што предава и се стекнал со лиценцијат за духовна теологија на Терезијанум. Тој исто така предава на Слободниот меѓународен универзитет за општествени студии Гвидо Карли во Рим.
Покрај именувањето на потсекретар, папата Фрањо именува и членови на Дикастеријата за евангелизација, во Одделот за фундаментални прашања на евангелизацијата во светот.