На Велики Четврток Папата повторно ќе служи во затворот Казал дел Мармо
Папата Фрањо по десет години повторно се враќа на местото каде што ја служеше неговата прва светата Миса - Господовата вечера во неговиот понтификат, па така на 6 април ќе биде во малолетничкиот затвор Казал дел Мармо во Рим. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни во сабота 1 април 2023 година, само неколку часа откако Светиот Отец беше отпуштен од болницата Гемели. Светата Литургија ќе се слави со ограничен број присутни и нема да биде отворена за јавноста. Предвиден е пренос во живо преку Интернет.
Обреди на Светата седмица
Веднаш штом ја напушти болницата, откако беше хоспитализиран поради инфективен бронхитис, Папата продолжи со својата работа и агендата на Страсната седмица, а преку својот портпарол извести дека тој ќе ги предводи велигденските обреди. Распоредот останува непроменет - потврди Бруни, додавајќи дека Светиот Отец ќе претседава со славењата и на Велигден со еден кардинал кој ќе служи со него на олтарот.