Пребарување

photo_5852466680167513909_x.jpg

Папата Фрањо го посети детскиот онколошки оддел во болницата Гемели

Здравствената состојба на папата Фрањо е подобрена, па во петокот попладне го посети Одделот за детска онкологија во поликлиниката „Агостино Гемели“ во Рим, каде што е хоспитализиран од среда, 29 март.

Бројаници, чоколадни јајца и книга за Исусовото раѓање беа подароците што папата Фрањо им ги подели на младите пациенти за време на получасовната посета во петокот на 31 март 2023 година попладне на Детското одделение за онкологија, кое веќе го посети кога беше хоспитализиран во таа болница во 2021 година. При посетата - извести директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни - Светиот Отец го крсти малиот Мигел Анхел, стар само неколку недели. Тој и кажал на мајката на детето: „Кога ќе одиш да го пријавиш во парохијата, кажи дека го крсти Папата“.

Потоа се вратил на одделението каде и самиот е хоспитализиран.

https://www.youtube.com/watch?v=YvhB2RKXKRE
30 март 2023, 09:16