Папата: Жените треба повеќе да бидат вклучат во потрагата по мир
Светиот Отец го изрази своето задоволство од иницијативата на организаторите - Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог и претседателките на Светската унија на женски католички организации, посебно истакнувајќи дека тоа е „невообичаен настан“.
Благодарност до оние кои се справуваат со раните на светот
Папата ја пофали средбаат, бидејќи оние кои учествуваат на неа, во срцето ги имаат грижите на - како што рече - ранетиот свет.
Не е вообичаена појава верниците од дванаесет религии од целиот свет да се соберат и да разговараат за важни прашања кои се однесуваат за средбата и дијалогот со цел промовирање на мирот и разбирањето во нашиот ранет свет. И бидејќи конференцијаат е посветена на слушање на искуствата и перспективите на жените, таа е уште поважна.
Папата ја спомна Завршната декларација на VII. конгрес на светските верски лидери и традиционалните религии на кој учествуваше во септември минатата година, во која се истакнува дека жените се патот кон мирот, бидејќи тие му даваат грижа и живот на светот.
Важноста за меѓурелигиската соработка
Вклучувањето на Црквата во соработка меѓу верниците од различни верски традиции е важно – истакна Папата – затоа што секој, лично, има богатство што може да му го понуди на светот за да внесе во него дух на прифаќање, грижа и братство. Затоа, упатувањето на енцикликата Fratelli tutti (бр. 48) е многу неопходно за да се потсетиме на примерот на гостопримливо однесување што оди подалеку од секое самодопадливост. Папата додаде дека активноста на средбата и отвореноста што ја бара стануваат ретки, а нејзиното практикување е еден од најголемите подароци што можете да ги понудите на вашите семејства, заедници и општество во целина.
Размената на практични искуства дава сила и креативност
Светиот Отец се заблагодари за вложените напори за унапредување на достоинството посебно на жените и девојките и ја ветува личната поддршка во споделувањето на знаењата и практичните искуства.
Тие ви даваат сила и креативност кога, во вашите заедници, работите за да им помогнете на многу луѓе кои бараат материјално олеснување од страдањето, а уште повеќе, смисла и цел во сопствениот живот.