Папата Фрањо: Спортот е во служба на човекот
Во спортот не постои само индивидуална димензија, туку секој е дел од тимот, а тимските играчи се како членови на телото. Посебно во одбојката постои подигање додавање до соиграчот чија задача е да ја заврши акцијата. Играчот никогаш не е сам, секогаш има кој да послужи - ова се размислувањата на папата Фрањо кои им ги упати до членовите на Италијанската одбојкарска федерација, примајќи ги во аудиенција во понеделник 30 јануари 2023 година. Во присуство на околу 300 луѓе, Папата даде некои инструкции почнувајќи од основите на одбојката.
На крајот Светиот Отец ги поздрави членовите на Италијанската одбојкарска федерација, охрабрувајќи ги секогаш да бидат сведоци на праведноста и преданоста. Посебно ги имаше на ум младите луѓе. Многу млади луѓе ве гледаат и навиваат за вас; вие сте пример за нив, не ги разочарувајте! – ги охрабри Папата Фрањо.