Папата: Украина доживува брутално страдање, секогаш е во нашите срца
По катехезата во среда 11 јануари 2023 година, Светиот Отец уште еднаш повика да не се заборави напатената Украина, која - како што рече - секогаш е во нашите срца. Ја изразуваме нашата љубов, близина и молитва кон тој народ, кој поминува низ брутално страдање - рече Папата и застана неколку моменти во тишина пред иконата позната како Пресвета Богородица на народот, која се почитува во самата Украина и Белорусија, молејќи се за таа мила земја и за мир. Ве повикувам духовно да се соединиме во оваа моја молитва – додаде папата Фрањо.
Науката на Бенедикт XVI.
Поздравувајќи ги полските ходочасници на крајот од аудиенцијата, тој спомена како во изминатите денови му се заблагодаривме на Бога за личноста, учењето и примерот на почесниот папа Бенедикт XVI.
Неговата вера нека ве поттикне на духовен раст, заснован на вистината на Евангелието и братската љубов, што треба да се сведочи во семејството, на работното место и во општествениот живот.
Кратко пред тоа, поздравувајќи ги ходочасниците кои зборуваат германски, Папата рече: „Како што нè научи папата Бенедикт XVI, ве повикувам со доверба да погледнете во Исус Христос, Спасителот. Така можеме, како апостол Матеј, да ја доживееме љубовта и милоста Господова“.