Папата Фрањо ја прими словачката претседателка
Папата Фрањо во сабота 10 декември 2022 година, во аудиенција ја прими претседателката на Република Словачка Зузана Чапутова, која потоа се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.
За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат, соговорниците се осврнаа на постоечките добри билатерални односи меѓу Светиот Престол и Република Словачка и улогата на Црквата во општеството – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Во продолжение на разговорот, детално се разговараше за војната во Украина и нејзиното влијание на регионално и меѓународно ниво, со посебно внимание на хуманитарната состојба, приемот на бегалците и социо-економската криза - стои во соопштението.