Папата потсети на Бахреин и упати апел за мир во Украина
По молитвата Ангел Господов на празникот Сите Светци, 1 номеври 2022 година, папата Фрањо се осврна на Апостолското патување во Кралството Бахреин, на кое ќе замине за три дена и каде ќе престојува до недела, 6 ноември. Во исто време, тој се заблагодари со зборовите:
„Веќе сега сакам да го поздравам и да му се заблагодарам на кралот, на властите, на браќата и сестрите по вера и на целиот народ во таа земја, особено на оние кои долго време работеа на подготовката на оваа посета.“
Посакуваната прегратка меѓу Исток и Запад
Папата објасни дека ќе учествува на Форумот, кој - како што рече - е „корисна можност“.
„Имено, ќе учествувам на Форумот кој се занимава со неизоставната потреба Истокот и Западот повеќе да се среќаваат меѓу себе заради човечкиот соживот. Ќе имам можност да разговарам со верски претставници, посебно со муслиманите. Ги молам сите да ме придружуваат со молитва, за секоја средба и настан да биде плодна прилика за поддршка, во името на Бога, за братството и мирот, кои на нашето време очајно и итно му требаат.“