Папата Фрањо се врати од Бахреин
Набргу по слетувањето на римскиот аеродром Фиумичино, на враќање од Кралството Бахреин, папата Фрањо, како и секогаш, отиде во базиликата Santa Maria Maggiore (Света Марија Велика) да се помоли пред иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ). Светиот Отец ѝ се заблагодари на Богородица за неговото 39. Апостолско патување, кое и го довери на 2 ноември, по 100-ти пат од почетокот на неговиот понтификат во таа базилика.
„Попладнево, по враќањето од Бахреин, како и обично на крајот од секое Апостолско патување, папата Фрањо отиде во базиликата Santa Maria Maggiore (Света Марија Велика) и се задржа во молитва пред иконата на Пресвета Богородица - Salus Populi Romani. Потоа папата Фрањо се врати во Ватикан“, стои во соопштението на Канцеларијата за пречат на Светиот Престол.
Имено, папата Фрањо во недела 6 ноември 2022 година попладне се врати од Бахреин каде отпатува на 3 ноември и каде ги посети градот Авали и главниот град Манама. Светиот Отец учествуваше на Форумот за дијалог меѓу Истокот и Западот, заедно со верски лидери од целиот свет.