Папата се моли за загинатите во Јужна Кореја
По молитвата Ангел Господов во недела 30 октомври 2022 година, Папата ја спомена трагедијата во Сеул и поттикна на молитва за жртвите.
Да го молиме воскреснатиот Господ за оние – посебно за младите - кои починаа синоќа во Сеул, поради трагичните последици од ненадејното стампедо од бројната толпа.
Станува збор за трагедијата на малолетници и дваесетгодишници, при што бројот на жртвите расте од час во час, кој засега е 153 загинати, меѓу кои и странци, а уште стотина се водат како исчезнати. Она што требаше да биде прва прослава во Јужна Кореја, во главниот град Сеул, по три години ограничувања поради пандемијата КОВИД-19, се претвори во трагедија од невидени размери, поради стампедо во еден од квартовите за ноќен живот во Сеул, во Итаевон, каде илјадници млади се собраа на прославата на Ноќта на вештерките.