Папата се сретна со германските бискупи
„Двочасовната средба беше замислена како отворена дискусија, на која бискупите можеа да ги поставуваат своите прашања и теми, а Папата одговараше поединечно“, соопштува Германската бискупска конференција.
„Во однос на содржината, се работеше за размислувања за пасторалот во променливите времиња, за свештеничката и епископската служба, за вклученоста на лаиците во Црквата и за предизвикот како да биде успешна евангелизацијата во контекст на секуларниот свет“.
Се зборуваше и за синодалниот пат
Дополнително, бискупите информираа за нивните искуства во (над) бискупиите и за ангажманот на Црквата во целиот свет. „Средбата ја обликуваа прашањата за политичката одговорност, социјалната кохезија и перспективата за мир, во услови на глобални и регионални конфликти“, посочуваат од Бискупската конференција.
„За време на разговорот се разгледани аспектите на синодалниот пат на Црквата во Германија и синодалниот процес во светот“, се наведува во соопштението. Овие прашања ќе бидат „продлабочени“ на средбите, кои бискупите ќе ги имаат со раководителите на неколку ватикански дикастерии.