Програма за Апостолската посета на Папата во Бахреин
Светиот Отец ќе го напушти римскиот меѓународен аеродром Фиумичино во четврток на 3 ноември во 9.30 часот и ќе слета на аеродромот „Sakhir Air Base“ во Авали во 16.45 часот.
Во 17.30 часот, во кралската палата Сахир е закажана куртоазна посета на неговото височество, кралот на Бахреин, Салман бин Хамад бин Иса Ал Калифа. Потоа во истата палата следува церемонијата за пречек и во 18.30 часот средба со претставници на владата, граѓанското општество и Дипломатскиот кор.
На вториот ден од посетата, петок, 4 ноември, во 10.00 часот Папата ќе учествува на затворањето на „Бахреин форум за дијалог: Исток и Запад за човечкиот соживот“ на плоштадот Ал-Фида во „Кралската палата Сахир". Во попладневните часови, програмата вклучува приватна средба со големиот имам на Ал-Азхар и членовите на муслиманскиот совет на старешини во „Кралската палата Сахир“, по што ќе следи екуменска средба и молитва за мир во катедралата Пресвета Богородица од Арабија, со почеток во 17.45 часот.
Во сабота, на 5 ноември, Папата ќе ја предводи светата Литургија во 8.30 часот на „Националниот стадион на Бахреин“. Во 17.00 часот ќе има средба со младите во училиштето Пресвето Срце во Авали.
На последниот ден од патувањето, во недела, 6 ноември, во 9.30 часот, е предвидена молитвена средба и Ангел Господов со бискупи, свештеници, богослови и пасторални работници во црквата Пресвето Срце во главниот град на Бахреин, Манама.
Во 12.30 часот е прошталната церемонија на аеродромот „Sakhir Air Base“ во Авали. Авионот со кој патува Папата предвидено е да слета на меѓународниот аеродром Фиумичино во 17.00 часот.