Папата: Да се искорени гладот во духот на братството
Во овој период на меѓусебно поврзани кризи, Христовата порака нѐ повикува, дури и оние кои не веруваат, не само да даваме храна, туку да се даруваме во служба на другите, препознавајќи ја и гарантирајќи ја централноста на човечката личност. Тоа е приоритет што може да се зачува само ако повторно веруваме во братството и солидарноста што треба да ги вдахновува односите меѓу луѓето и меѓу цели народи - ова се централните мисли од пораката што папата Фрањо ја испрати до генералниот директор за храна и земјоделство при Организацијата на Обединетите нации (ФАО), Ку Донгју, по повод вториот Светски форум за храна (WFF), кој се одржува во седиштето на споменатата организација во Рим, и преку интернет, од 17 до 21 октомври 2022 година, на тема „Здрава прехрана, здрава планета“.
Храната е знак на Божјата добрина
Потсетувајќи дека храната е многу неопходна за човечкиот живот; всушност, таа учествува во неговата светост и не може да се смета за никаква роба. Папата истакна дека храната е конкретен знак за добрината на Создателот и плодовите на земјата. Тој се присети на поуките од бабите и дедовците и почитта кој го имаат кон лебот: го бакнуваат кога го принесуваат на трпезата - рече Светиот Отец- и не дозволуваа ниту една трошка да одите како отпад. Самиот Христос во Евхаристијата стана жив леб за живот на светот – истакна Папата и објасни: Меѓутоа, почитувањето на храната и доделувањето на првото место што го има во човечкиот живот ќе биде можно само доколку не нè интересира само неговото производство, достапност и пристап, како и техничките мерки на земјоделската трговија, туку ако бидеме свесни дека тоа е дар од Бога на кој ние сме само управители.
Внимание кон човечкото битие и потребите на оние кои немаат ништо
Нашата главна грижа треба да биде насочена кон човечкото битие како такво, имајќи го предвид неговиот интегритет и водејќи сметка за неговите реални потреби, особено оние кои ги немаат основните средства за преживување – нагласи папата Фрањо и ја заврши пораката доверувајќи ги плодовите од оваа средба на Бога со цел да се умножат иницијативите и одлуките насочени кон придонес за доброто и иднината на целото човештво.