Пребарување

Папата Фрањо со бискупот Стаљано Папата Фрањо со бискупот Стаљано  

Бискупот Стаљано е новиот претседател на Папската теолошка академија

Папата Фрањо го именува сицилијанскиот бискуп Антонио Стаљано (63) од Ното за нов претседател на Папската теолошка академија, соопшти во саботата, 6 август, Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Монсињор Стаљано го наследува надбискупот Игнацио Сана (80), кој ја извршуваше таа функција од 2019 година. Епископот Стаљано истовремено останува на чело на бискупијата Ното во Сицилија, објави Ординаријатот.

Бискупот Стаљано, по потекло од Калабрија, студирал теологија во Милано, Рим и Германија; бил директор и предавач по Систематска теологија на Калабрискиот теолошки институт. За епископ на Ното е именуван во 2009 година. Во Сицилијанската бискупска конференција е одговорен за миграцијата.

Папската теолошка академија е основана во 1718 година од папата Климент XI. (1700-1721), првично за богословско оспособување на луѓето од Црквата, а денес главна задача и е истражување и продлабочување на поважни теолошки теми.

07 август 2022, 16:57