Папата: Целиот движен имот на Светиот Престол ќе биде во IOR
Папскиот декрет стапува на сила во вторник 23 август 2022 година со објавување во ватиканскиот весник „L'Osservatore Romano“. Управувањето и чувањето на движниот имот на Светиот Престол и институциите поврзани со него е ексклузивно доделено на „Istituto per le Opere di Religione“ (Институт за верски работи).
Ватиканската финансиска институција отсега ќе мора да биде известена за сите средства и пари депонирани „во било каква форма“ кај други финансиски институции. Овие средства, кои во моментов не се депонирани кај IOR, треба да бидат префрлени во Ватиканската банка „што е можно поскоро“. Во декретот како рок за трансфер е наведено „во рок од 30 дена започнувајќи од 1 септември 2022 година“, односно до почетокот на октомври 2022 година
Со одлуката од вторникот, папата Фрањо се повикува на член 219, став 3 од новата конституција за Римската курија „Praedicate Evangelium“ од март 2022 година, во кој се споменува Ватиканската банка - IOR.