Пребарување

1660471971254.JPG

Молитвата на папата Фрањо за милост и сочувство со украинскиот народ

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо, споменувајќи дека пред точно дваесет години, свети Иван Павле II. во Краков го изрече Чинот на посветување на светот на Божјото милосрдие, побара од Господ „посебно милосрдие“ за украинскиот народ кој е жртва на конфликтот што започна пред речиси шест месеци.

Светот има голема потреба од милост. Тоа е особено неопходно за Украина, која е во војна речиси шест месеци. Во пресрет на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, папата Фрањо во своето пладневна обраќање по молитвата Ангел Господов побара од Господа милост и сочувство за измачениот украински народ. Тоа го направи со спомнување на настаните во Краков пред 20 години, кога Свети Иван Павле II. го посвети светот на Божјата милост.

Упатувам посебни мисли до многубројните ходочасници кои се собраа денес во Светилиштето на Божјото милосрдие во Краков, каде што пред дваесет години Свети Иван Павле II. го изврши посветувањето на светот на Божјото милосрдие. Денес, повеќе од кога било, ја гледаме смислата на тој гест што сакаме да го обновиме во молитвата и да сведочиме во животот. Милосрдието е патот на спасение за секој од нас и за целиот свет. И молиме од Господа посебна благодат, милост и сочувство за измачениот украински народ – рече Папата.

15 август 2022, 10:07

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >