Пребарување

Одеса, Украина Одеса, Украина 

Близина на Папата со украинскиот народ и со жртвите од пожарот во Куба

На крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо ги насочи своите мисли кон украинскиот народ и повика на молитва за многубројните мигранти. Исто така, ја изрази својата близина со погодените од експлозиите и пожарите во складиште за нафта во Куба.

По катехезата на Генералната аудиенција во среда 10 август 2022 година, Светиот Отец, обраќајќи им се на ходочасниците на италијански јазик, се присети на драмата од конфликтот во Украина. Не е лесно да се биде градител на мирот, било во семејството, во Црквата, во единството; но мораме да го направиме тоа, бидејќи тоа е добра работа, истакна Светиот Отец во своето обраќање, насочувајќи ги мислите кон украинскиот народ кој се уште страда од „таа сурова војна“. Молете се и за мигрантите кои постојано пристигнуваат, повика Светиот Отец.

Поздравувајќи ги ходочасниците кои зборуваат шпански, папата Фрањо ја изрази својата блзина со погодените од трагедијата предизвикана од експлозиите и пожарите во складиштето за нафта кај Матанцас, Куба. Да ја молиме нашата Мајка, небесната царица, да бдее над жртвите од таа трагедија и нивните семејства и да се застапува за сите нас пред Господа, за да можеме да сведочиме за верата и надежта за животот во идниот век.

Пожарот што се случи минатиот петок во складиште за нафта однесе најмалку еден живот, многумина беа повредени, а повеќе од илјада луѓе се евакуирани.

11 август 2022, 09:14

Последни Ауденции

Прочитајте сé >