Папата во Канада: Средби со домородното население
Најпрво Папата во 18.00 часот по средноевропско време, ќе го посети домородното население во резерватите Масквачи, сто километри јужно од Едмонтон; а по полноќ во црквата „Пресвето Срце“ ќе се одржи уште една средба со месното население во присуство на парохиската заедница.
„Одиме заедно“
Пораката за помирување, извинување, простување и утеха, која папата Фрањо ја носи во оваа земја, сака да биде упатена до сите реалности на канадското општество и тоа на пат кој нужно мора да се оди заедно. Токму тоа е и тема за ова патување: Одиме заедно ('Marcher Ensamble - Walking together') изразена на двата официјални јазици во Канада – француски и англиски. Ова заедничко одење е започнато во Ватикан, во април годинава, кога Светиот Отец во Ватикан прими неколку групи домородни народи.