Пребарување

1656932217600.jpg

Папата се моли за жртвите од трагедијата од лизгањето на глечерот

Папата напиша Твитер порака во која повикува на молитви за жртвите од глечерот на Доломитите и ја истакнува опасноста од игнорирање на последиците од климатските промени.

Папата Фрањо ги повика верниците да се придружат на молитвата за жртвите од лавината предизвикана од лизгањето на доломитскиот глечер Мармолада во северна Италија, истакнувајќи ги последиците од климатските промени.

Во објава на неговиот Твитер профил @Pontifex, Светиот Отец повика на молитва за сите жртви и погодени од таа трагедија. Според достапните податоци, најмалку 6 лица загинале, а околу 10 се повредени.

Спасувачките операции се уште се во тек, бидејќи десетици планинари се водат како исчезнати. „Трагедиите што ги доживуваме поради климатските промени мора да не охрабрат итно да најдеме нови начини кои ги почитуваат луѓето и природата“, стои во објавата на Папата.

05 јули 2022, 17:58