Светиот Отец го прими чешкиот премиер Фиал
За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беа истакнати добрите билатерални односи меѓу Светиот Престол и Чешката Република и се разговараше за улогата на Црквата во општеството. Соговорниците, исто така, изразија желба за консолидација и понатамошно проширување на соработката.
Вниманието потоа беше насочено кон прашања поврзани со војната во Украина и нејзиното влијание на регионално и меѓународно ниво, со посебен фокус на хуманитарната ситуација и приемот на бегалците.
На крајот од аудиенцијата, Папата на чешкиот премиер му подари бронзена плоча со ликот на свети Мартин кој ги штити сиромашните давајќи дел од својата наметка, како и неколку Папски документи. Премиерот Фиал на папата Фрањо му подари Библија, ткаенина извезена од жени од Чешка и Украина и книга за Црквата во Чешката Република за Годината посветена на Света Људмила.