Пребарување

WhatsApp-Image-2022-06-18-at-11.28.33-1.jpg

Папата ги спомна 27 маченици во Севиља

По молитвата Ангел Господов папата Фрањо ги спомна новите блажени, кои беа прогласени за блажени во саботата во Севиља за време на светата Миса предводена од префектот на Дикастеријата за прогласување на светци, кардинал Марчело Семераро. Ситуацијата на еден христијанин во светот никогаш не е пријатна и лесна; да го погледнеме животот на доминиканските маченици, зашто надежта станува поцврста колку се потешки искушенијата пто треба да се издржат од љубов ко

По завршувањето на молитвата Ангел Господов во недела 19 јуни 2022 година, Папата потсети дека, и покрај суровоста што ја одбележа Шпанската граѓанска војна, не недостасуваат примери на голема вера, како што се 27. маченици кои вчера во Севиља беа прогласени за блажени.

Вчера во Севиља беа прогласени за блажени неколку монаси од доминиканското семејство: Анџело Марина Алварез и деветнаесет придружници; Џовани Агилар Донис и четворица другари од Редот на проповедниците; Изабела Санчез Ромеро, монахиња од Редот на Свети Доминик и Фрутуозо Перез Маркез, лаик доминикански треторедец. Сите беа убиени поради омраза кон верата за време на верскиот прогон извршен во Шпанија во контекст на граѓанската војна во минатиот век. Нивното сведоштво за приврзаност кон Христа и простување за нивните убијци, ни го покажуваат патот на светоста и нè поттикнуваат да го направиме животот принос на љубов кон Бога и кон браќата – рече папата Фрањо.

21 јуни 2022, 09:58