Пребарување

Папата со претставници на канадски домородни народи Папата со претставници на канадски домородни народи 

Папата Фрањо ќе ја посети Канада од 24 до 30 јули

Светиот Отец ќе ги посети канадските градови Едмонтон, Квебек и Икалуит, во северна Канада. Ова ќе биде четврта посета на еден од Петровите наследници на на таа земјата.

Прифаќајќи ја поканата на граѓанските и црковните власти и домородните заедници, Светиот Отец Фрањо од 24 до 30 јули ќе ја посети Канада, при што ќе ги посети градовите Едмонтон, Квебек и Икалуит, стои во соопштението на Светиот Престол, во кои се наведедува дека во следните седмици ќе биде обајвена програмата, како и други детали.

Папата ќе го посети Едмонтон, главниот град на канадската провинција Алберта, градот со втор најголем број домородци кои живеат во урбаните центри. Во провинцијата Алберта имало околу 25 резиденцијални училишта. Градот Икалуит, недалеку од Арктичкиот Океан, е местото со најголема популација на Инуитите во Канада. Папата Фрањо беше лично поканет од претставниците на Инуитите да го посети северот на земјата за време на нивната средба во Ватикан кон крајот на март. И на крајот ќе го посети Квебек, кој е соодветно лоциран за луѓето кои сакаат да се сретнат со папата Фрањо, истакнува Канадската бискупска конференција. Регионот е дом и на базиликата Сен-Ана-де-Бопре, едно од најстарите и најпопуларни места за поклонение во Северна Америка.

14 мај 2022, 09:12