Папата изрази сочувство за смртта на кардиналот Ваљехо
Несебичен прелат кој верно го посвети својот живот во служба на Бога и на Црквата. Со овие зборови, во телеграмата со сочувство упатена до Севилскиот надбискуп, монс. Јозеф Анхел Саиз Менесес, папата Фрањо го опиша фрањевецот од редот на малите фратри и поранешен надбискуп на Севиља, кардинал Карлос Амиго Ваљехо, кој почина во Шпанија на 87 годишна возраст.
Кардиналот Ваљехо почина на 27 април во Универзитетската болница во Гвадалахара од срцева слабост. Со неговата смрт, Кардиналскиот колегиум сега има 209 кардинали, од кои 117 се електори, а 92 не се електори. Севилскиот надбискуп, активната бискупска служба како ординариј ја извршуваше 27 години, од 22 мај 1982 година до 5 ноември 2009 година.
Примајќи ја веста за смртта на кардиналот, Светиот Отец изрази сочувство до надбискупот од Севиља, монс. Менесес и ужалената црковна заедница, семејството и Монашката заедница на малите фратри.
Папата се помоли Господ преку застапништвото на Пресвета Богородица Монсератска на покојниот да му подари венец на славата кој никогаш не венее, а во знак на христијанска надеж во воскреснатиот Господ подели апостолски благослов.