Пребарување

2022.04.25 Esequie Card. Javier Lozano Barragan 2022.04.25 Esequie Card. Javier Lozano Barragan 

Папата ги откажа денешните обврски поради болки во коленото

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник 26 април 2022 година соопшти дека Папата ги откажа денешните обврски поради болки во коленото, меѓу кои и состанокот со Кардиналскиот совет.

Светиот Отец веќе некое време страда од болки во коленото, што влијае на неговите обврски и средби со луѓето, како што беше случајот, на пример, во Страсната седмица. Папата утрово слушајќи ги советите на лекарите ги прекина планираните активности поради болки во коленото, вклучително и учество на седницата на Кардиналскиот совет - соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол

Во саботата, на крајот на симпозиумот промовиран од Здружението „Fiat“, Папата однапред им се извини на учесниците на аудиенцијата затоа што ќе ги пречека седејќи истакнувајќи дека „оваа болка во коленото не дозволува многу да се стои“.

26 април 2022, 19:32