Папата Фрањо го прими унгарскиот премиер Орбан
Аудиенцијата траеше четириесет минути, на која Папата го прими Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, земја на која и оддаде почит поради заштита и приемот на бегалците кои бегаат од Украина. Во приватна посета, премиерот, кој дојде во Ватикан со сопругата и придружба, не се сретна со Државниот секретар кардинал Пиетро Паролино - кој деновиве е во Мексико - ниту со секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер.
Папата и унгарскиот премиер разговараа во Апостолската библиотека, во присуство на преведувач. Среќен сум за вашето присуство овде – рече Папата за време на разговорот на кој на крајот, поздравувајќи го премиерот на англиски јазик, посака: Господ да ве благослови, да го благослови вашето семејство и Унгарија.
Подароци
Премиерот Орбан му подари на Папата две книги за Бела Барток, унгарски композитор и музички стручњак, збирка звучни снимки од оперска музика и Часослов за Великата седмица од 1750 година на англиски и латински.
Папата возврати со бронзена плоча на која е прикажан свети Мартин од Турс - по потекло од Панонија, денешна Унгарија - во моментот кога подарува на сиромашниот дел од својата наметка. Папата рече дека подарокот го избрал специјално за премиерот. Свети Мартин, кој е Унгарец, а во исто време мислев дека вие Унгарците моментално ги примате сите овие бегалци – рече папата Фрањо. Покрај тоа, Папата му подари и некои Папски документи, овогодинешната Порака за Светскиот ден на мирот, Документот за човечко братство, потпишан во 2019 година во Абу Даби и книгата од Издавачката книга на Ватикан Statio Orbis на 27 март 2020 година.